Вчера попладне силен дожд поплави делови од популарната шпанска туристичка дестинација Палма де Мајорка, а во големи проблеми беше и тамошниот аеродром, поради што беше затворен извесен период. Дури и пистите беа поплавени. На социјалните мрежи кружат видеа од поплавата каде неколку вработени дури и нуркале за да покажат колку длабока е водата.
„Метеоролошката станица на аеродромот забележа врнежи од речиси 5 сантиметри на час, кои за помалку од еден час го достигнаа врвот на 9 сантиметри“.
Сведоците рекоа дека се било хаотично и дека патниците трчале да се засолнат од дождот кој излеал низ покривот на аеродромската зграда, пишува Мајорка Дејли Булетин.
+++ Aktuell +++
📍Palma de Mallorca
Gewitter mit Sturzfluten haben den Flughafen von Palma überflutet.@Kachelmannwettr @sturmwetter1703 #Wetter #Unwetter #Mallorca pic.twitter.com/723FqMxT4w— BlaulichtRheinlandNRW (@nrw_blaulicht) June 11, 2024