74
Пет години откако беше украден накит вреден милиони евра во грабеж на музеј во Источна Германија, посетителите повторно можат лично да се восхитуваат на речиси сите скапоцени парчиња.
Во ноември 2019 година, крадците украдоа парчиња кои содржеа повеќе од 4.300 дијаманти со проценета вредност од над 113 милиони евра (124 милиони долари), од музејот „Gruenes Gewoelbe“ (Зелениот трезор) во Дрезден, во источногерманската покраина Саксонија, пишува „Си-ен-ен“.
Полицијата соопшти дека повеќето од накитот украден од музејот, во кој се наоѓа една од најголемите европски уметнички збирки, е пронајден. Деловите што сè уште недостасуваат вклучуваат еполета на која бил поставен скапоцен камен познат како Дрезденски бел дијамант.