🎥 Пет лица загинаа, а пет се повредени: Воз од Прага за Будимпешта се судри со автобус во Словачка

од Илинка Илиоска
27 прегледи

Во судир на воз кој сообраќал меѓу Прага и Будимпешта и автобус во Словачка, најмалку пет лица загинале, а пет се повредени, соопштија денеска локалните власти. Се верува дека во возот имало повеќе од 100 луѓе во моментот на несреќата, која се случила нешто по пет часот попладне во градот Нова Замка на југот на Словачка.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како гори моторот на возот. Автобусот е тешко оштетен во несреќата, соопштија железничките власти.

Словачкиот претседател Петер Пелегрини, кој присуствуваше на самитот на лидерите на Европската унија во Брисел, изрази сочувство до роднините на жртвите. Министерот за внатрешни работи Матус Сутаи Есток излегол на местото на несреќата, соопшти полицијата.

Повеќе од 100 патници од возот со автобуси се превезени до градот Штурово на границата со Унгарија, се наведува во соопштението на Словачка железница.

Слични содржини