🎥 Почна лансирање од нуклеарни подморници: Путин веќе не се шегува

од Илинка Илиоска
328 прегледи

Нуклеарните подморници Северодвинск и Орел од руската северна флота извршија практични лансирања на крстаречки ракети врз цели во Баренцовото Море, соопшти Министерството за одбрана.

– Сложената позиција на целта, која беше симулирана од одред на десантни бродови на условниот непријател, беше успешно погодена со крстосувачки ракети „Калибр“ и „Гранит“ на оддалеченост од околу 170 километри – се наведува во соопштението.

Министерството соопшти дека борбената вежба е „успешно завршена“, употребеното ракетно оружје „ги потврди нивните карактеристики и висока доверливост“.

Областа за вежбање беше однапред затворена за цивилни бродови и авијација.

Слични содржини