Најмалку 60 луѓе загинаа во Судан кога браната Арбат на истокот на земјата пукна поради обилните врнежи. Се претпоставува дека бројот на жртвите е уште поголем, јавува Би-би-си, додавајќи дека браната Арбат има капацитет од 25 милиони кубни метри и е главен извор на вода за пиење за крајбрежниот град Порт Судан.
Поради обилните дождови, десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови, а пукањето на браната е, се наведува, само еден од инцидентите. Спасувачите од воздух се обидуваат да ги спасат луѓето кои останале заробени откако побарале засолниште во планините, пренесува локалниот весник Мердамек.
Директорот на Управата за вода во Судан, Омар Иса Тахир, изјави за локалниот информативен сајт Ахбар дека поплавата „ја збриша целата област“.
Во објавата на Фејсбук, војската ги повика сите „федерални и државни агенции да ги искористат сите можности да им помогнат на граѓаните во овие региони и да им пружат поддршка и помош“.