Ќерката на владетелот на Дубаи, Шеика Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, во јули го остави сопругот Манa Ал Мактум преку Инстаграм.
„Драг сопругу, бидејќи си преокупиран со други, вака го објавувам нашиот развод. Се разведувам од тебе. Чувај се. Твојата поранешна сопруга“, му порача таа и на тој начин стана вирална сензација на социјалните мрежи.
Сега Махра ги изненади своите следбеници со нов деловен потфат, за кој многумина ја нарекоа вистинска икона. Имено, таа лансираше парфем со соодветно име – „Развод“ (Divorce).
Принцезата од Дубаи го претстави својот луксузен парфем на стотиците илјади следбеници на Инстаграм, а во рекламата го покажа црното шише од парфемот и очите на црн пантер.
Махра и нејзиниот поранешен сопруг се венчаа во мај 2023 година, а една година подоцна добија ќерка. Парот престана да се следи на социјалните мрежи и двајцата од профилите ги отстранија сите објави на кои се појавуваат заедно, а ниту членовите на семејството ниту поранешниот сопруг не ја коментираа нејзината објава.