🎥 Путин пристигна во Северна Кореја

од Milan1
500 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во дводневна државна посета на Демократска Народна Република Кореја (Северна Кореја), објавија денеска руските медиуми.

Авионот на рускиот лидер слета на аеродромот во Пјонгјанг, каде го пречека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пренесува РИА Новости.

Двајцата лидери извршија смотра на почесната гарда на севернокорејската армија и неформално разговараа неколку минути, по што претседателската колона го напушти аеродромот.

Во среда претседателот ќе одржи серија разговори, вклучително и во проширен формат, а планирана е и подолга неформална комуникација меѓу двајцата лидери.

Според помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, ќе се разговара за меѓународната агенда и ќе бидат презентирани предлози за обновување на хуманитарните врски кои беа прекинати поради пандемијата на Ковид-19.

Покрај тоа, Путин и Ким ќе се осврнат на безбедносните прашања, економската соработка, енергијата, транспортот и земјоделството.

На програмата на посетата е гала концерт во чест на доаѓањето на Путин, државен прием и положување венец на Споменикот на ослободувањето посветен на војниците на Црвената армија кои ја ослободија Кореја за време на Втората светска војна.

Слични содржини