Руските сили бомбардираа супермаркет во украинскиот град Костијантинивка. Нападот бил извршен додека во продавницата имало многу луѓе.
Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 35 се ранети. Се стравува дека под урнатините на продавницата има повеќе луѓе.
„Нападот на супермаркетот во Костјантиновка е уште еден чин на руски терор. Војната против цивилите е сè што знаат“, изјави на социјалната мрежа Х, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.
Russia has bombed a busy supermarket in the middle of a Friday afternoon.
Kostiantynivka. pic.twitter.com/axWfavcTTl
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) August 9, 2024
Службите за итни случаи продолжија со спасувачката операција, додаде гувернерот.
Во нападот се оштетени и станбени куќи, продавници и десетици автомобили, се вели во соопштението на министерот за внатрешни работи на Телеграм.
The strike on the supermarket in Kostiantynivka is yet another act of russian terror. War against civilians is all they know.
Russia must fully face the consequences for everything it has done. pic.twitter.com/TtMYwlo41T
— Andriy Yermak (@AndriyYermak) August 9, 2024
Московските сили држат големи области на Доњецк.
Областите контролирани од Украина редовно се под руско гранатирање и воздушни напади.
Костијантиновка се наоѓа на само 13 километри од активната борбена линија во источна Украина. Овој регион е едно од најжестоките боишта, бидејќи Русија таргетира области во насока на стратешкиот источен логистички центар Покровск, пренесува vijesti.me.
Kostyantynivka, Donetsk region. Russian terrorists hit an ordinary supermarket and a post office. There are people under the rubble. A rescue operation is underway, and everything will be done to save them.
At the moment, it’s known that four people have been killed. My… pic.twitter.com/Sd9vrGTHTc
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 9, 2024
За ракетниот напад зборуваше и претседателот Володимир Зеленски, кој на Х објави дека луѓе се заробени под урнатините, додавајќи дека спасувачките служби ќе направат се за да ги извлечат. „Русија ќе биде одговорна за овој терор“, напиша Зеленски.