Русија неодамна организираше вистински спектакл на испраќање нови тенкови Т-90М на фронтот – буквално.
Државната телевизија прикажа воодушевена толпа од две илјади работници во фабриката, како и настапи на пејачот и политичар Денис Мајданов и рок групата Земљане, а тенковите ги благослови православен свештеник.
Беше тоа голема прослава за скромната испорака на новата опрема. Поблискиот поглед на она што всушност се испраќа на фронтот укажува на обид да се прикрие вистинската состојба на производството на тенкови во Русија, пишува Форбс.
Огромното мнозинство на „новата“ руска опрема што се испраќа за да ги замени загубите се состои од антички тенкови извадени од складиштето.
Тие беа реставрирани и барем теоретски, модернизирани според современи стандарди, во фабриките за реновирање и поправка на БТРЗ.
Резултатите не се импресивни и не можат да се споредат со модерните модели на тенкови како Абрамс или Челинџер 2.
Сепак, постои една руска фабрика која може да гради нови тенкови, UralVagonZavod (UVZ), а тие се фалат дека ги прават најновите тенкови Т-90М Прорив. Најдобрите руски воени машини.
„Денес можеме да кажеме дека Т-90М Прорив е најдобриот тенк во светот“, изјави неодамна претседателот Путин во својот говор, а пренесува руската државна агенција ТАСС.
„Штом тој тенк ќе се доближи до позицијата, никој и ништо нема шанса. Има подолг дострел и е попрецизен и има подобра заштита“.
Today, Uralvagonzavod solemnly sent another train of new T-90M Proryv tanks to the front. 👍🇷🇺❤️ pic.twitter.com/cbVHpsPsx5
— Gene Green (@GeneGreen344103) March 15, 2024
Веќе е познат случај во кој тенк Т-90М бил разнесен во блиска средба со тенк М2 Бредли. Многу помалку вооружениот Бредли брзо и прецизно го неутрализирал рускиот тенк, онеспособувајќи го пред Русите да испукаат. Тенкот подоцна го уништи комплетно дронот FPV.