🎥 Создаден робот за гаснење пожари

од Milan1
28 прегледи

кинеската компанија „Гуошинг интелигент“ (Guoxing Intelligent) произведе линија роботи наменети за гаснење пожари.

Најновата машина од овој вид е „KT-500“ – дизајнирана за брз продор. Станува збор за роботи наменети за итни случаи, опремени со напредни системи за откривање и детектирање чад и гас, што значи и навремено и поделотворно гаснење на пожарот. Тие се опремени и со комуникациски системи, како што се Ви-фи врска, радиоприемници, и камери.

Роботот се движи користејќи двојни траки и има способност брзо да создава зони на изолација од огнот. Покрај најсовремената технологија за лоцирање, овие противпожарни роботи користат и цистерни за вода, диспензери за пена и хемиски апарати. Методот е делотворен, со минимална потрошувачка на вода.

Далечинското управување, пак, нуди можност пожарникарите да ја проценат состојбата од безбедно растојание, меѓу другото – и заради подобро планирање.

Роботите се отпорни на високи температури, чад, отровни гасови и вода, како и на пад, што ја зголемува способноста на машината да влезе онаму каде што човекот не смее. Машините така може да влезат и во затворени простори, да наоѓаат заробени луѓе на место на пожар, па со аудио и видеокомуникација – да го скратат времето на спасување, подобрувајќи ја делотворноста на спасувачкиот потфат.

Слични содржини