🎥 Страшни бури ги погодија Пакистан и Авганистан: Загинаа речиси 140 луѓе

од Симе Стоиков
238 прегледи

Бројот на загинати од силните бури во Авганистан и Пакистан се искачи на најмалку 137 во изминатите неколку дена, а синоптичарите предвидуваат нови обилни врнежи во некои области.

Најмалку 67 лица загинаа во Пакистан, соопшти денеска тамошното тело за управување со катастрофи, поради невообичаено обилен дожд за овој период од годината.

Во јужниот град Карачи е прогласена вонредна состојба. Градот е особено ранлив на бури поради лошата инфраструктура. Во соседен Авганистан, околу 70 луѓе загинаа, а 56 се повредени во обилните дождови и поплавите низ целата земја. Оштетени се 2.627 куќи, соопшти денеска Националната управа за управување со катастрофи.

Екстремните временски случувања се во пораст поради климатските промени. Обилниот снег и дожд во изминатите месеци во Авганистан предизвикаа големи штети и бројни жртви по невообичаено блага зима.

Екстремните временски случувања како поплави и суши се во пораст во Авганистан и Пакистан поради климатските промени, предупредуваат метеоролозите. Погоден од деценискиот конфликт, Авганистан има ограничени опции за ублажување на негативните ефекти од климатските промени.

Слични содржини