Американскиот претседател Џо Бајден направи уште еден во низата гафови за време на церемониите по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија во Втората светска војна, познат како „Денот Д“.
За време на прославата во Франција, тој застана на бината меѓу сопругата Џил Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон, додека тие ги поздравуваа ветераните и свиреше воениот бенд.
Во моментот кога требаше да започне говорот на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, Бајден се наведна како да сака да седне на столчето зад него, кое всушност го немаше.
Додека тој беше во таа полуседечка положба, музиката наеднаш престана, а од звучниците се слушна најавата за говорот на Остин.
Бајден застана малку вкочането, а потоа повторно се местеше како сè уште да се обидува да седне. На видеото очигледно се гледа како првата дама, која ја покри устата со рака, му дава инструкции, додека Макрон мирно стои на другата страна.
Инаку, Џил Бајден доста често му дава насоки на својот сопруг за да може да се симне од бината по говорот.
Овој пат, по завршувањето на тој дел од церемонијата, првата дама го изведе Бајден од сцената држејќи го за рака.
Двојката замина откако американскиот претседател се ракуваше со уште неколку ветерани. Откако Бајден си замина, Макрон остана да се збогува со другите.
Joe Biden trying to sit on his imaginary chair on stage during a solemn D-Day ceremony in Normandy. pic.twitter.com/DQKfHjdqDq
— War Watch (@WarWatchs) June 6, 2024