Кандидатот за градоначалник Лусеро Лопез Маза и уште пет лица, од кои едно младо девојче, беа убиени во пукање на предизборен митинг во градот Ла Конкордија во јужната мексиканска држава Чиапас, соопштија официјални лица.
Покрај тоа, две лица се ранети.
– Конфликтот избувна меѓу вооружени цивили за време на политички митинг – соопштија од обвинителството.
Како што е соопштено, не е познато дали Лопез Маза бил цел на нападот, бидејќи улични пукотници се честа појава во таа област.
En los últimos meses han habido enfrentamientos en #Chiapas, ayer asesinaron a Lucero López, candidata a la Alcaldía de La Concordia, hemos reforzado la seguridad y expresar que en 5 años no hemos tenido problemas de inseguridad graves en la región chiapaneca 🦆. Aseguró que… pic.twitter.com/29cCfDKFxU
— Avi 🦆 (@avieu) May 17, 2024
Престрелката се случила на раскрсница во руралниот град Ла Конкордија во Чиапас, на околу 125 километри од границата со Гватемала.
Чиапас е главна рута за шверц на дрога и мигранти, а двата главни мексикански нарко картели се борат за контрола на областа.
Претходно оваа недела, 11 лица беа убиени во масовно пукање во село во градот Чикомусело, неколку десетици километри оддалечено од Ла Конкордија. Изборите во Мексико на 2 јули исто така беа нарушени со насилство, со околу 20 убиени кандидати досега во 2024 година.