Додека поголемиот дел од светот деновиве бележи натпросечни температури, на висорамнината Фарашин во Турција децата се санкаат по снегот.
Имено, како што пренесуваат турските медиуми, снегот кој се уште не се стопил на ова место станал игралиште за децата кои ги избегнале горештините овде.
Оваа висорамнина, позната како „Висорамнина на мирот“, на надморска височина од 2.625 метри надморска височина во провинцијата Ширнак, која се наоѓа во областа Бејтушебап, се издвојува по студениот воздух во топлите летни денови.
Şırnak’ın Beytüşşebap ilçesindeki 2 bin 625 rakımlı “Huzur” yaylası olarak da anılan Faraşin Yaylası’nda temmuz olmasına rağmen erimeyen kar, çocuklara oyun alanı oldu. pic.twitter.com/0d1WslkvYa
— Türkiye Gazetesi (@turkiyegazetesi) July 16, 2024
И во јули, висорамнината, каде што во текот на зимата, според Анадолија, паѓаат и до десет метри снег, им нуди на децата можност да се забавуваат и да се санкаат за време на летниот одмор. Иако поголемиот дел од висорамнината е зелен, сепак има некои делови каде снегот се уште не се стопи.
Интересно е што на ова плато растат едемски растителни видови од кои најпопуларен е соргото. Секоја пролет, жителите на Бејтушебап тргнуваат на пат од 200 километри во потрага по ова растение, кое подоцна го користат за правење сирење.