🎥 Жестока тепачка меѓу крајбрежната стража на Кина и филипинската армија во спорните води

од Milan1
558 прегледи

На интернет се појави видео од жестока пресметка меѓу кинеската крајбрежна стража и филипинската војска во спорните води на Јужното Кинеско Море.

Клипот го сними филипинската војска во понеделникот, а „Wall Street Journal“ го објави денеска на својот официјален канал на YouTube. На него се прикажани членови на кинеската крајбрежна стража како мафтаат со секири и ножеви кон чамците со филипински војници.

Тие дојдоа таму за да достават намирници и други потреби на филипинската мисија во оддалечената станица во тие води.

Тогаш пристигнаа Кинезите, кои како што се гледа на видеото удираа во пловилото на филипинската војска. Во еден момент, припадник на кинеската крајбрежна стража го прободува со нож гумениот чамец на Филипинците. Се наведува дека еден од филипинските војници го загубил палецот во конфликтот.

И Кина и Филипините имаат право на ова поморска област.

Слични содржини