🎥Американецoт на кого му беа отстранети српските таблички во Загреб: Ова никогаш не ми се случило

од Симе Стоиков
210 прегледи

Хрватски „Индекс.хр“ разговараше со Јутус Рид, американски Јутјубер посветен на Балканот, чиј автомобил беше изгребан во Загреб и му беа отстранети белградските регистарски таблички.

„Тешко е да не дозволам вакво нешто да влијае на моето мислење за Хрватска, но знам дека не би било фер да се осуди цела земја или град врз основа на еден инцидент. Не ја разбирам политичката ситуација во овие области затоа што немаме такво нешто во САД“, вели Јустус.

Никогаш не доживеал сличен инцидент во ниту една балканска земја.

„Луѓето ми велат дека сум бил на погрешно место во погрешно време. Меѓутоа, како Американец, за мене е апсурдно што има одредени ноќи кога не смеам да го паркирам автомобилот на улица. Луѓе кои ми велат дека „требаше да знам подобро“, само ја оправдуваат омразата“, смета тој.

Сепак нема да дозволи овој инцидент да влијае на неговиот престој во Загреб.

„Планирам да останам во оваа област долгорочно, иако не сум сигурен точно колку долго бидејќи многу патувам“, вели тој.

Откако го објави видеото, наиде на многу коментари дека целата работа е „наместена“ и дека „не се случила“. Но, тоа се случи, колку и да е тешко да поверува дел од Хрватска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justus Reid (@justus_reid)

Во Југо 55, кое беше оштетен во Загреб, Јустус сними бројни вирални хитови кои секојдневно ги следат речиси половина милион луѓе и тоа само на Инстаграм. Ни вели дека многумина веќе го препознаваат неговиот автомобил на улица, па му испраќаат фотографии од автомобилот во ДМ.

Слични содржини