Синот на претседателот на Србија, Данило Вучиќ е во Германија на Европското првенство, а таму, според европските медиуми, бил сведок на брутална пресметка меѓу навивачи во Гелзенкирхен пред натпреварот меѓу Србија и Англија. И не само што присуствувал, туку, според пишувањата на странските медиуми, сакал да се вмеша во физичката пресметка, но членовите на „Кобра“ го спречиле во тоа.
Пред натпреварот помеѓу Србија и Англија во Гелзенкирхен, во кафеана летале столици, предмети и тупаници кога српски и англиски навивачи се нападнале, пренесува популарниот германски портал Т-Онлајн, а пренесува Време. „Очигледно“ сакаше да се вмеша и Данило Вучиќ, синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, „кој е обвинет за блиски врски со криминалната хулиганска сцена“.
Сликите документираат, пишува германскиот портал, дека еден маж, наводно на 26 години, е спречен од неговите следбеници да се вклучи во тепачката. Групата во тој момент се уште стои пред арапски ресторан на само две згради оддалеченост од Стекхаусот во пешачката зона каде се случи пресметката.
Според хрватските и босанските медиуми, пишува Т-Онлајн, синот на претседателот на Србија го задржуваат припадниците на специјалната единица „Кобра“.
За тоа време припадниците на полицијата на провинцијата Северна Рајна Вестфалија со брза интервенција спречуваат ескалација на ситуацијата. Седум српски навивачи се уапсени и тужени поради нанесување тешка телесна повреда.
Поврзаноста со Беливук
Данило Вучиќ беше „придружуван од познати српски хулигани“ и на Светското првенство во Русија во 2018 година, пишува Т-онлајн и истакнува дека „српските хулигани се сметаат за особено насилни во меѓународните кругови“. Германскиот портал потоа потсетува на случајот со Вељко Беливук и пренесува дека тој на сослушувањето рекол дека организирал демонстрации за Александар Вучиќ и ги растурил протестите на опозицијата.
За сето ова Вучиќ наводно не одговорил на прашањето на првата програма на германскиот јавен сервис АРД.
Т-Онлајн понатаму пишува дека Данило Вучиќ може да се види на една поранешна фотографија се гушка со еден од соработниците на Беливук. Кога српскиот портал Крик пишуваше за тие врски, пишува германскиот портал, и српскиот претседател Александар Вучиќ објави фотографија на Инстаграм со синот и натпис: „Мојот син Данило е чесен и пристоен млад човек“, а го напаѓаат само затоа што е син на претседателот на Србија.
За тоа дека во моментот кога дојде до конфликтот меѓу навивачите бил присутен и синот на претседателот на Србија пишуваше и британски Сан, со напомена дека телохранителите го спречиле да се меша во конфликтот.
„Шокантната снимка изгледа го прикажува моментот кога Данило Вучиќ се бори со своето обезбедување додека се обидува да влезе во тепачката меѓу српските ултраси и англиските навивачи“, се наведува меѓу другото во текстот на овој британски медиум.
Данило Вучић у Немачкој, хтео би он да се туче али му Кобре не дају 🤡🤡🤡
Шта ми као народ плаћамо да татин син иде по свету и глуми хулигана, а у ствари је кукавица на татицу.
Е моји луди Срби… pic.twitter.com/icWcjcpsxy
— Слободан Илић (@slobodanilic78) June 16, 2024