476
Две жени и двегодишно дете останаа заробени во потопен автомобил во околината на Златибор, а сега објавија застрашувачка снимка на која се гледа поројот, пренесе Глас Ужице.
Припадници на Одделението за вонредни состојби на МУП од Ужице евакуирале две жени и двегодишно дете од потопено возило кое останало заробено на локалниот пат Врело-Љубања.
Тие биле во автомобилот кога ги зафатило невреме, кое довело до поплави. Водата го покрила и нивниот автомобил и им оневозможила да излезат.
View this post on Instagram
Благодарение на брзата реакција на противпожарната екипа од Ужице, тие сега се безбедни, а двете жени споделија видеа на кои се гледа застрашувачкиот порој околу нив.