Руската манекенка Ирина Шајк и италијанскиот актер Мишел Мороне привлекоа внимание бакнувајќи се на улиците на Неапол за потребите на снимањето за реклама.
Станува збор за реклама со Долче и Габана. Многу корисници на социјалните мрежи мислат дека двајцата би биле добар пар и во реалниот живот.
„Ги обожавам“, „Хемијата меѓу нив двајца е очигледна“, се некои од коментарите.
Таа носеше тесен проѕирен фустан и чевли со отворени прсти, додека Мороне носеше класичен црн костум.
Мороне има репутација на голем заводник. Минатиот декември, неговиот менаџер ги негираше гласините дека е во врска со Меган Фокс откако излезе видео од нив како флертуваат. Тој моментално е слободен.
Американските медиуми објавија во февруари дека Шајк ја обновила врската со Том Брејди повеќе од една година откако раскинаа.
#IrinaShayk and #MicheleMorrone passionately kiss for Dolce & Gabbana ad 👀 🎥 backgrid pic.twitter.com/j3B7geuzB3
— TMZ (@TMZ) July 27, 2025