Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се верилa. Ова го потврди Георгина со објава на Инстаграм.
„Да, прифаќам. Во овој и во сите други животи“, напиша таа под фотографијата од огромен дијамантски прстен.
Фотографијата за помалку од половина час ја лајкале повеќе од еден милион луѓе.
View this post on Instagram
Филмска приказна
Мадрид, 2016 година. Во просториите на луксузната продавница „Гучи“, каде што Георгина Родригез работела како продавачка, се одвила една од најпознатите модерни љубовни приказни. Кристијано Роналдо, тогаш светска фудбалска ѕвезда, случајно влегол во продавницата – не знаејќи дека тој момент ќе биде почеток на животно поглавје кое ќе му го промени сè.
Георгина подоцна го опишала тој момент како речиси магичен – пеперутки во стомакот, срце што забрзано чука и чувство дека нивните раце „припаѓаат една на друга од самиот почеток“. Роналдо отворено признал дека на почетокот не очекувал врската да биде толку силна, но со текот на времето сфатил дека Георгина е жената на неговиот живот.
Официјален почеток на врската – 2017 година
Иако првата средба била кон крајот на 2016 година, нивната врска станала јавна на почетокот на 2017. Првпат заедно се појавиле на доделувањето на „Best FIFA Football Awards“ во јануари истата година, во придружба на синот на Роналдо, Кристијано Роналдо Џуниор. Првата заедничка објава на Инстаграм дошла нешто подоцна, во март, кога Кристијано споделил фотографија со Георгина со едноставен емотикон – црвено срце.
Тие заедно имаат две биолошки деца, а Георгина ги одгледува и трите деца што Роналдо ги добил преку сурогат мајчинство.