🎥Крокодил им ги бркал децата и јадел кучињата, жителите го зготвиле и изеле

од Milan1

Жителите на еден австралиски град фатиле, зготвиле и изеле огромен морски крокодил од 3,6 метри за кој велат дека ги јадел нивните миленици и ги бркал децата.

Полицијата во Була, во северната територија, вчера го застрела и уби животното, откако беше оценето дека е опасност за заедницата. Таа во соопштението навела дека предаторот демнел надвор од водата и бркал деца и возрасни, а наводно изел и неколку кучиња.

Жителите потоа го зготвиле крокодилот и на традиционален начин подготвиле гозба, соопшти полицијата.

Полицискиот наредник Ендрју Мекбрајд за ABC изјавил дека од опашката на крокодилот била направена супа, дека месото на животното било на скара и дека неколку парчиња месо биле завиткани во листови банана и така сварени.

„Тоа беше прилично голема традиционална гозба, многу луѓе се заситија“, рече Мекбрајд. И морските и слатководните крокодили се заштитени во Австралија, а нивниот лов бил забранет во 1971 година бидејќи ловокрадството за малку ќе доведе до истребување на крокодилите, пишува CNN.

По забраната за лов, нивната популација се зголемила. Сега на северната територија живеат близу 100.000 крокодили. Морските крокодили можат да пораснат до шест метри долги, тежат еден тон и јадат речиси сè што ќе им дојде при рака, што полека станува закана за локалните заедници.

Затоа, чуварите на парковите секоја година отстрануваат стотици морски крокодили од населените области низ северна Австралија. Во април, 16-годишно момче беше убиено од крокодил во северен Квинсленд додека се обидувало да доплива до брегот откако му се расипал бродот. Минатата година од крокодили настрада 64-годишен рибар во Квинсленд.

Слични содржини