Српскиот парламент во четвртокот, со гласовите на владејачкото мнозинство, го отфрли предлогот на опозицијата да се забрани понатамошно истражување и ископување на литиум и бор на целата територија на земјата, што може да предизвика нови протести против експлоатацијата на овој редок минерал на штета на животната средина.
По четиридневна дискусија, предлогот беше отфрлен со мнозинство со 128 гласа „за“ од 214 присутни претставници во 250-члениот парламент.
Претставниците на опозицијата носеа листови и транспаренти со натпис „Нема да копате“, а со еден таков пред претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ се појави и пратеникот Александар Јовановиќ Ќута од движењето Еколошко востание.
Брнабиќ на тоа не реагирала смирено. Го искинала листот со зборовите „mrš, bre“, по што тивко кажала „u pi*ku materinu“.
Predsednica Skupštine Srbije Ana Brnabić opsovala poslanika Aleksandra Jovanovića Ćutu pic.twitter.com/pX4XWp8g4H
— Newsmax Balkans (@NewsmaxBalkans) October 10, 2024
По изборите во декември минатата година, новата влада го врати во живот проектот Јадар, обвинувајќи ја опозицијата дека го „политизира“, истовремено тврдејќи дека рудникот нема да се отвори додека физибилити студијата не покаже дали е опасно да се животната средина и здравјето на луѓето.
Со недели ова лето во градовите низ Србија се одржуваа протести против ископувањето литиум. Новиот бран протести дојде по одлуката на Владата на Србија на 16 јули да продолжи со проектот за изградба на рудник за литиум во долината Јадра, бидејќи претходно го стопираше во 2022 година.
На ова му претходеше одлуката на Уставниот суд на Србија, кој ја прогласи за неуставна одлуката на Владата на Србија да го стопира проектот Рио Тинто, вреден 2,4 милијарди долари, на 11 јули.
На 19 јули, Владата на Србија во Белград го потпиша „Меморандумот за критични суровини“ со Европската унија, со кој се предвидува целиот производствен синџир – од ископ на литиум во Јадар до производство на батерии за електрични возила.