🎥Недостиг на храна и струја во Куба, избувнаа протести – горивото поскапе за 400%

од Симе Стоиков
334 прегледи

Вчера Кубанците организираа улични протести, што е реткост во таа земја, поради недостиг од храна и струја, откако некои делови од островот беа без струја и до 14 часа на ден поради прекинот на снабдувањето со електрична енергија. „

Луѓето извикуваа: „храна и струја“, изјави за АФП анонимно во телефонски разговор 65-годишен жител на вториот по големина град на островот Сантијаго де Куба, кој се наоѓа на 800 километри источно од главниот град Хавана.

Струјата беше вратена во градот подоцна во текот на денот и пристигнаа „два камиони ориз“, рече сведокот. Социјалните мрежи се преполни со фотографии од протести во градот Сантијаго де Куба, каде живеат 510 илјади луѓе. Објавени се и фотографии од протестите во Бајам, уште еден голем град.

Од почетокот на март, во Куба има чести прекини на струја поради одржување на термоцентралата Антонио Гитерас, која е најголема на островот. За време на викендот ситуацијата се влоши поради недостигот на гориво потребно за производство на електрична енергија. Некои области, како што е градот Сантијаго де Куба, беа без струја до 14 часа на ден.

„Неколку луѓе го изразија своето незадоволство од ситуацијата со дистрибуцијата на електрична енергија и храна“, рече кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел на Х, предупредувајќи дека „непријателите на револуцијата“ имаат намера да ја искористат ситуацијата.

„Има терористи со седиште во Соединетите Држави, кои ги осудивме во неколку наврати, кои поттикнуваат акции што се спротивни на внатрешниот поредок на земјата“, додаде тој.

Американската амбасада во Хавана на Х рече дека е запознаена со извештаите за „мирните протести“ во Сантијаго, Бајамо и други делови на Куба.

Куба ја добива струјата од осум стари термоелектрани, генератори и осум пловечки електрани изнајмени од Турција, кои исто така се погодени од недостиг на гориво. На почетокот на овој месец, владата ја зголеми цената на горивото за повеќе од 400 отсто како дел од својот план за економско закрепнување. Земјата со 11 милиони жители ја доживува најтешката економска криза од распадот на источниот блок во 1990-тите.

Слични содржини