🎥Ова е „Вампир“, моќното оружје кое Украинците го користат за напад на Белгород

од Симе Стоиков
275 прегледи

Во текот на викендот, Русија уништи десетици ракети истрелани од територијата на Украина со чешки системи за повеќекратно лансирање „Вампир“ (МЛРС).

Вчера наутро руското Министерство за одбрана соопшти дека пресретнало украински напад врз Белгород кој бил изведен со употреба на RM-70 Вампир МЛРС.

„Руската противвоздушна одбрана уништи 10 проектили во воздух над граничната област околу 8:30 часот“, соопшти Москва.

Во неделата Русија исто така соопшти дека соборила девет проектили „Вампир“ над регионот Белгород, кој граничи со североисточна Украина.

Кремљ,исто така, објави дека неговите сили собориле 23 проектили „Вампир“ и уништиле едно борбено возило „МЛРС Вампир“ во близина на границата во саботата.

Што е „Вампир“?

Украинските сили користат „вампири“ уште од првите денови на војната. Ова се стандардни артилериски системи кои често се користеле во прекугранични напади, рече Марина Мирон, постдокторски соработник на Одделот за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон.

Системите се користат за „концентрирани рафали“, лансирање до 40 ракети за помалку од една минута, рече таа за „Newsweek“. Тие обично се користат за напад на воена опрема или војници, а не за статични цели, додаде таа.

„Вампирот“ е изграден на шасија на камион, што му овозможува на системот брзо да ја напушти позицијата за гаѓање пред непријателот да го лоцира и да возврати, рече Мирон.

Слични содржини