Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени кога шрапнели од проектили паднаа врз луѓето на плажата за време на украинскиот напад на Севастопол на Крим, полуостров анектиран од Русија во 2014 година. „За жал, во моментов имаме 124 жртви, од кои се три деца“, наведе гувернерот на Севастопол Михаил Развозаев на Телеграма. На социјалните мрежи се прошири видео на кое наводно се гледаат делови од соборените ракети како паѓаат на плажа.
„Одговорноста е на Вашингтон. Ова нема да остане без одговор“
„Одговорноста за намерниот ракетен напад врз цивилите во Севастопол, градот на Крим, е првенствено на Вашингтон, кој го испорача оружјето на Украина, но и на властите во Киев“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. „Но, таквите постапки нема да останат без одговор“, додаваат тие.
Во април Вашингтон објави дека испратил ракети АТАКМС (ATACMS) во Украина. Киев долго време ги бара од Западот за да може да изврши напади зад линијата на фронтот. Во октомври Украина за прв пат употреби американски ракети АТАКМС против Русија, но оние што неодамна ѝ беа испратени имаат поголем дострел, до 300 километри.
Немаше сирена за воздушен напад?
„Руската противвоздушна одбрана собори четири проектили. Меѓутоа, за време на одбраната, уште еден отстапил од траекторијата, при што боевата глава експлодирала во воздухот над градот“, велат руските власти. Нападот се случил кога некои цивили се враќале од работа, а некои веќе биле заминати на плажа со своите деца, рече Развозајев.
Очевидци наведуваат дека сирената за воздушен напад што предупредувала за напад не се огласила.
Sevastopol 👀👀👀 pic.twitter.com/t4quh3NlzG
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) June 23, 2024