🎥Страшни слики од Турција по земјотресот: Урнати згради, спасувачи на урнатините

од Весна Петровска
12 прегледи

Турција вчера ја погодиja серија земјотреси. Во земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, кој синоќа го погоди округот Синдрги во Баликесир, западна Турција, загинал 81-годишен маж, а 29 лица биле повредени. По овој земјотрес, во Турција во текот на ноќта биле регистрирани околу стотина послаби потреси со јачина од 2 до 4,5 степени.

Утрово во Турција бил регистриран земјотрес и на 25 километри од центарот на Анкара, во округот Етимесгут, со јачина од 3,2 степени, јавија турските медиуми.

Земјотресот со јачина од 6,1 степен, кој во неделата го погоди Баликесир, бил почувствуван и во Истанбул, Бурса, Баликесир, Коджаели и околните провинции, пренесува турскиот весник „Хуријет“.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, 52 километри од градот Баликесир, пренесе TRT Haberler.

Според изјавите на жителите, потресот бил силен и траел од 10 до 20 секунди.

Слични содржини