Би-Би-Си ја отстрани рекламата во која Аксел Рудакубана, 17-годишниот обвинет за убиство на три девојчиња на час по танц во Саутемптон се појавува како Доктор Ху.
Во сега избришаната реклама од 2018 година за добротворната организација, Рудакубана излегува од Тардис облечен како главениот лик на британската научно-фантастична телевизиска серија Доктор Ху.
BBC Children in Need 2018: Axel Rudakubana, charged with murdering 3 children at a Dance Class in Southport performed as Doctor Who with 4 other children pic.twitter.com/5UhcMJgDnC
— Codey369 (@Codeym369) August 3, 2024
Тинејџерот бил ангажиран преку агенција за кастинг и немал никаква врска со проектите Children In Need.
„Го изразуваме нашето најдлабоко сочувство на сите погодени од овој шокантен случај и го отстранивме видеото од сите наши платформи поради почит кон нив“, изјави портпаролот на добротворната организација за Би-Би-Си.