За насловната страница на својот нов албум, поп дивата Бијонсе позираше целосно гола, на воодушевување на милиони фанови ширум светот.
Пејачката која досега има освоено 28 Греми награди и на почетокот на март го претстави својот најнов парфем „CÉ NOIR“, ексклузивно го најави осмиот студиски албум „Cowboy Carter“, кој воедно ќе биде и нејзино деби во кантри музиката.
Таа на фотографијата позира гола и боса, во форма на Венера, покривајќи ги градите со рака и лента. Таа ги истакна заносните облини по кои е препознатлива, а иако е целосно гола, интимните делови вешто се сокриени.
Со објава на Инстаграм која досега ја лајкнаа милиони, таа откри дека албумот ќе излезе на 29 март и дека веќе може да се нарача лимитираното издание.
Обожавателите ги преплавија социјалните мрежи со коментари за да го изразат својот ентузијазам за оваа фотографија, но и поради тоа што Бијонсе наскоро ќе објави албум.