📷 Девојката на Милош Биковиќ одбројува до породувањето

од Radmila Tasevska

Милош Биковиќ наскоро ќе стане татко на мало момче. Неговата девојка Ивана Малиќ одбројува до породувањето, а во меѓувреме ужива во бременоста.

Бремената девојка на Милош Биковиќ моментално е со актерот во Москва и се сликала пред да излезе од станот.

Во тесен виолетов фустан со желка, трудничкиот стомак на Ивана дојде до израз, а нејзината блажена насмевка покажува колку и се допаѓа втората состојба.

Ивана Малиќ
Ивана Малиќ

Наскоро нивниот наследник ќе ужива во неговата соба во станот на актерот во Дорчол, а кога ќе порасне ќе може да ужива во природата во викендицата што ја има Милош во близина на манастирот Јованје.

Да потсетиме, Милош Биковиќ се огласи откако во медиумите протекоа информации дека наскоро треба да стане родител.

„Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Засега не сакавме да го откриеме, но папараците не доведоа во ситуација да немаме избор. Ви благодарам за добрите желби“, рече меѓу другото и актерот.

Слични содржини