📷 Емануел Макрон како Рoки Балбоа – каква порака сака да прати со ова претседателот на Франција?

од Симе Стоиков

Претседателот на Франција веќе неколку дена е во центарот на светското внимание поради неговата изјава дека во одреден момент може да дојде до тој степен да мора да испрати војници во Украина.

Секој претседател околу себе има тим од луѓе кои се задолжени за медиумите и го негуваат неговиот имиџ на социјалните мрежи.

Тимот од луѓе собран околу францускиот претседател Емануел Макрон очигледно мислеше дека е вистинско време за поинаков тип на објава на Инстаграм. Или можеби самиот претседател дошол на идеја да закачи слика од тренингот.

На фотографијата Макрон безмилосно удира во вреќата имитирајќи го познатиот актер Силвестер Сталоне од филмот „Роки“.

Овој пост натера многу луѓе да размислуваат за вербалната војна што Франција ја води со Русија со денови, поради изјавата на Макрон дека би било добро Европа да испрати копнени сили во Украина.

Многумина веруваат дека ваквата објава е симболичен начин на кој Макрон сака да испрати важна порака.

„Некои корисници напишаа дека Макрон се подготвува за судир со Путин, кој исто така често ги покажува своите атлетски способности на фотографии“, пишува Гардијан.

Слични содржини