📷 Шакира во прегратката на актер помлад 15 години од нејзе

од Симе Стоиков
522 прегледи

Фотографиите на Шакира и познат актер во страсна прегратка предизвикаа бурни реакции на мрежите и тоа само неколку дена откако Колумбиската пејачка изјави дека направила многу жртви во претходната врска со Жерар Пике.

Раскинувањето на поранешната двојка беше интригантна тема, пропатена од нејзините одмазднички песни.

Сигурно се сеќавате како Шакира пееше минатата година: „Замени Ферари за Твинго, Ролекс за Касио“, што беше протолкувано како нејзина порака до нејзиниот поранешен партнер и неговата врска со Клара Чиа Марта со која наводно ја изневерувал неа, а имаше сомнежи за други љубовници, додека траеше романсата со пејачката.

Поради споменатите текстови, обожавателите на Шакира сега ги коментираат нејзините слики со актерот со зборовите:

„Твинго си заменил за ферари“.

На тие слики Шакира (47) е во прегратките на актерот Лисјен Лавискон (32), кој го знаете по улогата во серијата „Емили во Париз“. Се претпоставува дека станува збор за кадри од спотот за новата песна „Пунтерија“.

Пејачката наскоро ќе го објави својот прв албум по седум години, за кој неодамна зборуваше за „Сандеј тајмс“.

Слични содржини