По неколку недели шпекулации дека познатата Колумбијка е во врска со актерот, странските медиуми тврдат дека сега е и официјално – тој е новиот емотивен партнер на Шакира.
Шакира (47) и неодоливиот британски актер Лусиен Лависконт се запознале во февруари за време на снимањето на спотот на пејачката за песната „Punteria“ во кој имаа „жешки“ сцени, па токму тогаш се зближиле, пишуваат медиумите.
Новиот партнер на пејачката има 31 година, односно е 16 години помлад од неа, а веста за романсата ја потврдија добор упатени извори, иако Шакира не се огласи на оваа тема.
Од друга страна пак пријателите на познатата ѕвезда се сомневаат поради претходното љубовно искуство на актерката и се загрижени дека и тој ќе и го скрши срцето.
Згодниот Лусиен на дамите им е познат по серијата „Emily In Paris“ чија нова сезона со нетрпение се очекува, а поранешни девојки му се Кери Катона од групата „Atomic Kitten“ и Џеси Нелсон од бендот „Little Mix“.