📷Џенифер Анистон се верила?

од Radmila Tasevska
481 прегледи

Познатата актерка Џенифер Анистон ги поттикна гласините за свршувачка откако позираше на доделувањето на SAG наградите со огромен дијамантски прстен на левата рака.

55-годишната актерка беше номинирана за улогата во „The Morning Show“, но наградата ѝ припадна на Елизабет Дебицки од серијата „The Crown“, пренесе Стандард лајф.

Анистон, исто така, излезе на сцената со колегата Бредли Купер за да ѝ ја додели наградата за животно дело SAG на Барбра Стрејсенд. Убавата актерка ги сврте погледите во сребрен фустан со длабоко деколте и шлиц.

Сепак, највпечатлив дел од нејзиниот стајлинг беше накитот, а прстенот што ѕвездата на „Пријатели“ го носеше на раката ги привлече сите погледи. Не е познато дали моментално се гледа со некого, со оглед на тоа што во последните пет години не била романтично поврзана со никого.

Слични содржини