📷Полски нуркачи открија брод од 19 век полн со сандаци шампањ и порцелан кај шведскиот брег

од Илинка Илиоска
79 прегледи

Полските нуркачи објавија дека откриле остатоци од брод од 19 век кај шведскиот брег на Балтичкото Море, чие складиште било полно со кутии од шампањ и порцелански предмети.

„Потонатиот брод е натоварен со сандаци со шампањ, минерална вода и порцелан“, изјави за АФП Томас Стахура, шеф на нуркачката група „Балтиктек“.

Според него, меѓу пронајдените предмети има и околу сто шишиња шампањ.

„Нуркам 40 години, често се случува да има една или две гајби… (но) да наидам на руина со таков товар, тоа не ми се случило досега“, коментира Стахура.

Откритието, на околу 20 наутички милји јужно од шведскиот остров Оланд, во голема мера било случајно, според нуркачите кои со години го чешлаат дното на Балтичкото Море за да бараат остатоци.

„Истражувавме нови места од чиста љубопитност и тогаш наидовме на оваа руина“, рече Стахура.

Откривањето на минерална вода во затворени глинени шишиња овозможило да се утврди дека бродот потонал во втората половина на 19 век.

Слични содржини