Холивудскиот ветеран Кристофер Вокен изгледа непрепознатливо. На фотографиите на кои се гледа легендата на Холивуд Кристофер Вокен, забележлива е неговата загрижувачка состојба.
Вокен (80) се појавил видно слаб и запуштен на роденденската забава на Роберт Де Ниро во Њујорк, што ги загрижило неговите обожаватели и колеги.
Многумина велат дека тоа е поради возраста, но неговиот годишник Роберт де Ниро не изгледа така.
Кристофер Вокен и Роберт де Ниро се добри пријатели. Тие играа заедно во филмот „Ловец на елени“ во 1978 година. Покрај неговата состојба, Кристофер Вокен игра и во популарната серија „Severence“, а публиката наесен ќе може да го гледа и во филмот „Дина 2“.
По објавување на фотографиите се уште нема информации дали се работи за некаква болест која придонела за неговиот изглед.