Блејк Лајвли присуствуваше на ревијата на Мајкл Корс на модната недела во Њујорк. 36-годишната актерка беше придружувана од нејзината 16 години постара сестра Робин Лајвли, која ретко се појавува во јавноста, пренесе Стандард лајф.
Тие го привлекоа вниманието на фотографите и спремно позираа.
Покрај Робин, познатата актерка има и сестра Лори и двајца браќа Ерик и Џејсон. Сите се занимаваат со глума, но најпозната е Блејк, која е и најмлада.
„Постои значителна разлика во возраста која изгледа речиси и да не постои бидејќи таа сега е мајка. Имаме толку многу сличности и нашата врска е длабока и искрена. Порано си помагавме со нашите проекти и работни места. Сега заедно го правиме она што нашата мајка го правеше“, изјави Робин своевремено за „Fox News Digital“.
Робин е позната по нејзините улоги во филмовите Teen Witch и The Karate Kid Part III од 1989 година и по нејзините улоги во ТВ сериите Doogie Howser, Twin Peaks и Saving Grace.
52-годишната Робин е во брак со актерот Барт Џонсон.