📸 Брус Вилис во тешка здравствена состојба: Фотографиите што ги сподели неговата ќерка се срцепарателни

од Radmila Tasevska
331 прегледи

Скаут Вилис, ќерка на актерот Брус Вилис и Деми Мур, сподели фотографии од минатата година со својот татко кој боледува од деменција, како и фотографии од други членови на семејството, пренесе Стандард лајф.

Скаут (32), на 31 декември објави сет фотографии од 2023 година на Инстаграм. На една слика таа е потпрена на градите на нејзиниот татко Брус Вилис, а можете да ги видите неговите тетоважи посветени на неговите ќерки Мабел и Евелин, кои ги има со втората сопруга Ема Хеминг Вилис. Исто така, овој албум содржи многу спонтани фотографии како и нејзината прошетка на црвениот тепих со нејзината мајка Деми Мур.

Покрај тоа, Скаут претходно сподели моменти од Брус Вилис како поминува време околу Денот на благодарноста 2023 година, кога сподели видео од двајцата како се држат за рака на нејзината приказна на Инстаграм.

Да потсетиме, познатиот актер боледува од фронтотемпорална деменција. ФТД е најчестиот тип на деменција кај луѓето на возраст под 60 години. Наместо да влијае на меморијата, како што тоа го прави Алцхајмеровата болест, ФТД обично влијае на однесувањето, личноста и комуникацијата.

Слични содржини