📸 Бугарски генерал прашува зошто Борисов го чуваат снајперисти: Дали му е загрозен животот на претседателот на Бугарија?

од Илинка Илиоска
408 прегледи

Дали е загрозен животот на Бојко Борисов? Ова прашање го постави бугарскиот генерал Атанас Атанасов за време на консултациите на коалицијата ПП-ДБ со претседателот на Бугарија Румен Радев.

Според генерал Атанасов, во дворот на лидерот на ГЕРБ-СДС имало снајперисти и јавноста треба да дознае дали животот на мандатарот на бугарската влада е во опасност.

„Се појавија фотографии од снајперисти кои се на оградата на дворот на Бојко Борисов. Ме преплавија телефонски повици од случајни луѓе. Ако во пресрет на формирање влада постои висок степен на закана за мандатарот, ова е важен проблем за државата“, рече Атанасов.

Бугарскиот претседател Радев изјави дека има информации кога постои голем ризик за безбедноста на државата, но кога станува збор за закана за поединец, оваа информација не треба да се објавува во јавноста.

„Ќе разговарам со службите за таквите информации што ги споделивте“, му одговори Радев на Атанасов.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, утрово прв беше на консултации со шефот на државата, Румен Радев. Во претседателската вила, Борисов беше придружуван од заменик-претседателот на ГЕРБ, Томислав Дончев, и Дељан Добрев.

Според Борисов, земјата оди на избори поради тоа што ИТН јасно стави до знаење дека нема да го поддржи првиот мандат.

„Петтиот и шестиот не можат да ги диктираат правилата. Ќе имаме повеќе разговори, но јасно е дека кабинет може да има само со првиот мандат“, рече Борисов.

Делегацијата од коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ), составена од шефот на пратеничката група академик Николај Денков, копретседателот на ПП Кирил Петков, лидерот на ДСБ Атанас Атанасов и пратеничката Кристина Петкова, по средбата со Радев јасно кажа дека останува во опозиција поради слабите резултати на предвремените парламентарни избори на 2 јуни.

Слични содржини