📸 Израелските вооружени сили потврдија дека го убиле лидерот на Хамас

од Илинка Илиоска
42 прегледи

Израелската армија (ИДФ) потврди дека го убила воениот водач на Хамас, Мохамед Деиф (58) во воздушен напад врз Кан Јунис во Појасот Газа.

Во четвртокот ова го потврдија израелските вооружени сили. Нападот се случи на 13 јули, но до сега нема потврда за смртта на Деиф.

Вчера лидерот на палестинскиот Хамас Исмаил Ханије беше убиен во неговиот стан во Техеран, соопшти Иранската револуционерна гарда.

Гардата додава дека е убиен и телохранителот на водачот на палестинската група.

Ханије, кој беше убиен во Техеран, учествуваше во индиректни преговори за постигнување прекин на огнот во палестинската енклава со меѓународно посредништво.

Претходно во вторникот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди атентатот во Техеран и рече дека убиството нема да ја наруши волјата на Палестинците.

Слични содржини