Пејачката Марија Шерифовиќ доби бебе, а детето кое го посакуваше со години се роди на почетокот на декември со помош на сурогат мајка.
Марија Шерифовиќ оваа година ќе ја памети по остварувањето на една од најголемите желби во животот.
Имено, пејачката роди син, бременоста ја извршила сурогат мајка, како што пишува „Блиц“, цитира Стандард лајф. Целиот процес траел долго и доаѓањето на бебето било чувано во строга тајност.
Пејачката за својот син го избрала името Марио, а првите фотографии со детето ги споделила на својот Инстаграм профил.
„Љубовта дојде. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот. Марио е роден. Нека животот те однесе по своите најубави патишта, синко, и јас ќе те заштитам од тага и од луѓето со мојата љубов. Благодарам на сите што испраќате љубов и нека му биде тивко и топло сè што доаѓа од вас“, напиша пејачката во описот на фотографијата и додаде:
View this post on Instagram
„Ве сакам сите! Љубов, М&М.
Марија Шерифовиќ со години јавно зборуваше дека сака да има дете.
„Тоа е многу интимно прашање, особено во овој момент и во овој случај. Не сум го сменила тоа мислење и со нетрпение го очекувам тој момент, кој веројатно се ближи. Во принцип, сè што има врска со дете е сериозна работа и за тоа нема шеги. Тоа ќе ми се случи на многу испланиран начин, кога ќе бидам подготвена да му ја подадам суштината на мојот живот на Шерифовиќ јуниор. Знам како ќе се вика, но не можам да кажам“, изјавила Марија Шерифовиќ пред година и пол, пренесува гореспоменатиот медиум.
Покрај тоа, Шерифовиќ неодамна со своите следбеници на Инстаграм прослави 20 години од објавувањето на првиот албум, а потоа повторно го спомна „Шерифовиќ Јуниор“.
„Ви благодарам што поминавте низ моите различни фази со мене. Колку е музичко, уметничко, животно, карактерно, психолошко. Ви благодарам што сте тука, што остаревте со мене. Постојат два најважни датуми во нашите животи, кога сте родени и кога разбирате зошто. Додека не се роди Шерифовиќ јуниор, вие сте моето зошто дотогаш. Ви благодарам што сте посебни, што ја имам најубавата публика, ви благодарам што сте нормални. Мојата битка не беше воопшто лесна, не беше лесно да се биде различен, ви благодарам многу за разбирањето. Ќе се обидам да ги направам следните 20 години забавни како првите 20 и воедно да ви кажам дека албумот е готов, едвај чекам да излезе во првата недела од октомври, без вас Марија Шерифовиќ не постои“, порача Марија во видео на Инстаграм.