Нападот се случил на 26 март, при што биле ранети повеќе американски војници, а биле погодени и авиони. Американските официјални лица потврдија дека повредите не биле опасни по живот.
Зеленски изјави дека е „100 проценти“ уверен дека Русија споделува разузнавачки информации со Иран со цел да помогне во напади врз американски цели на Блискиот Исток.
„Мислам дека е во интерес на Русија да му помогне на Иран. И знам дека споделуваат информации. Дали му помагаат на Иран? Секако“, рече тој. Според него, руските сателити ја снимале воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија на 20, 23 и 25 март, непосредно пред нападот.
Зеленски истакна дека повтореното снимање на истата локација, според искуството на украинските служби, укажува на подготовка за напад. „Знаеме дека ако снимаат еднаш, се подготвуваат. Ако снимаат вторпат, тоа е како симулација. Третиот пат значи дека ќе нападнат за ден или два“, изјави тој.

Принтскрин/Х/BRICS News: Американски воен авион E-3 Sentry AWACS, целосно уништен по Ирански напади на воената база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија
Ен-Би-Си Њуз наведува дека овие тврдења не можеле независно да ги потврдат, а во извештајот не се објавени конкретни докази за сателитските снимки.
Американските медиуми претходно известија, повикувајќи се на повеќе извори, дека Русија му доставува на Иран разузнавачки информации за американските воени позиции во регионот. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли овие тврдења, но потврди дека Москва му испорачува воена опрема на Иран во рамки на долгогодишното партнерство.