314
Музичката ѕвезда Сем Смит ужива во Њујорк со своето момче моден дизајнер Кристијан Кауан пред Денот на вљубените.
Двојката е видена на романтична прошетка како се држат за раце и си разменуваат насмевки, пренесе Стандард лајф.
На крајот на минатата година се шпекулираше дека парот раскинал откако се појавил профил на апликација за запознавање под името на Кауан. Сепак, се покажа дека се работи за лажен профил, а парот сè уште ужива во својата љубов.
Во 2019 година, музичката ѕвезда се идентификуваше како небинарна личност. „Не сум ниту машко ниту женско, некаде сум помеѓу“, објавено е на Инстаграм профилот на Сем.