📸 Шер не го доби старателството над болниот син, следи голема борба

од Radmila Tasevska
312 прегледи

Врховниот суд во Лос Анџелес го одби барањето на американската пејачка Шер нејзиниот син Елајџа Блу Олман (47) да биде ставен под судско старателство по итна постапка, откако пејачката тврдеше дека големата сума на наследените пари на Олман го става во ризик поради неговите ментални здравствени проблеми и злоупотреба на супстанции.

Адвокатите на Олман признале дека тој има проблеми, но тврдат дека сега е добро, дека се лекува и дека е во подобри односи со сопругата, пренесува „Глас Америка“.

„Воодушевени сме што судот увиде дека не му е потребна привремена заштита. Има голема поддршка, одлично му оди“, изјави адвокатот на Олман.

Адвокатите на Шер тврдат дека Олман добива поддршка од луѓе кои му кажуваат што сака да слушне и кои ја минимизираат сериозноста на неговите проблеми, додавајќи дека не е точно дека е психички подобар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elijah Blue (@elijahblueoffic)

Наведоа и дека боледува од биполарно растројство, дека до неодамна бил бездомник и дека голема сума пари може да му овозможи пристап до лекови кои би можеле да му го загрозат животот.

Како што е наведено, пејачот не бара директна контрола врз парите на Олман наследени од неговиот татко и би бил задоволен доколку експерт назначен од судот управува со неговите финансии.

Иако барањето за итно старателство беше одбиено, судијката Џесика Аскатеги на рочиште во март ќе размислува за подолгорочно старателство.

Слични содржини