📸 Софи Тарнер и британскиот аристократ на скијање: Потврдени гласините за врска

од Radmila Tasevska
323 прегледи

Софи Тарнер во својата најнова објава на Инстаграм ја потврди врската со 29-годишниот аристократ Перегрин Пирсон.

Таа објави фотографии од скијање каде парот бил со пријателите. 27-годишната актерка не откри каде точно биле на одмор, но нејзините фанови во коментарите шпекулираа дека тимот најверојатно е во Австрија или Швајцарија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S O P H I E T U R N E R (@sophiet)

Софи и Перегрин ги поттикнаа гласините за врска на крајот на минатата година, откако беа снимени како се бакнуваат на улиците на Париз. Ова беше само два месеци откако актерката објави дека се разведува од Џо Џонас.

29-годишниот Перегрин Пирсон многумина го нарекуваат најпосакуваниот британски ерген. Тој е наследник на четвртиот виконт Каудреј, а неговото семејно богатство се проценува на 224 милиони фунти. Перегрин се раздели од принцезата Марија-Олимпија од Грција и Данска минатиот септември.

Слични содржини