📸 Жештината во Лас Вегас соборува рекорди: Колачиња се печат во автомобили на 102,8°C

од Илинка Илиоска
70 прегледи

Според Националната метеоролошка служба на САД, во Лас Вегас вчера попладне се измерени рекордни 48.8 степени Целзиусови. Таа цифра е од мерна станица на меѓународниот аеродром Хари Рид од околу 17 часот по локално време. Со тоа е „соборен“ рекордот од  47,2 степена.

Официјалните лица наведуваат дека досега во тој американски град биле измерени високи теператури во 2021, 2017, 2013, 2005 и 1942 година.

На социјални мрежи и на налогот на Националната метеоролошка служба се прикажани фотографии од инфрацрвен термометар што ја покажува температурата во внатрешност на автомобил на сонце од 217 степени Фаренхајти (102,8 сетепени Целозусови), доволни за да се ипечат колачи.

„Во денешната епизода на „Печење со NWS Лас Вегас“:

– Рерната е претходно загреана и колачињата се ставени веднаш по пладне PDT.
– Температурата на врвот на цртичката беше 217°F врз основа на IR пиштол.
– Возилото за печење е црно/сиво со црна внатрешност и без нијанса на прозорците“, напиша Националната метеоролошка служба.

Слични содржини