Автономното возење не е ништо ново. Во 1960-тите, концептниот автомобил Century Cruiser на Buick беше дизајниран за автоматско возење по автопати без користење на рацете.
Buick, како пионер на концепт автомобили, се обидува да ја одржи таа рутина со децении. Експерименталното возило Century Cruiser од 1969 година нудеше возење без потреба од конвенционално управување.
Дизајниран за возење по идните автоматизирани автопати, Century Cruiser е изграден на шасијата на концептниот автомобил Firebird IV од 1964 година. Обезбедуваше удобност на дневна соба на тркала за четири патници, кои се возеа на ротирачки седишта, а на располагање имаше фрижидер и телевизор.
Аеродинамичната каросерија со скриени тркала беше подредена на флуидно, без стресно возење. Во автомобилот се влегувало со притискање на копче по кое целата купола се лизгала нагоре и ги отклучувала вратите, кои потоа се движеле напред за полесен пристап до седиштата.
Сопирањето беше олеснето со закривки за стабилност од двете страни на автомобилот зад предните тркала. Кога автомобилот се свртуваше, раткапните се поместуваа нанадвор за да се врти тркалото полесно. Багажникот беше сместен напред за лесен пристап.
Како Century Cruiser го замислувал автономното возење? Стануваше збор за автоматски автопат, а возачот ќе вметнеше картичка со однапред програмирана рута во слотот и ќе му овозможеше на автомобилот автоматски да вози до дестинацијата, а електронскиот центар за контрола на автопатот ќе ја преземе контролата врз возилото. Возачот можеше удобно да чита весник или да гледа телевизија.
Напредокот на автомобилот на рутата можеше да се следи на мапа проектирана на екран сличен на радар вграден во предната конзола. Бјуик, исто така, обезбедил рачна контрола користејќи рачки, монтирани во потпирачите за раце на возачкото седиште.
Креаторите на овој концепт сакаа да остават едноставна порака со јасни предвидувања во автомобилската индустрија: „Еден ден ќе можете да возите по суперавтопат, да ги предадете контролите на систем за водење и безбедно да патувате низ земјата со голема брзина – без никакви дополнителни активности освен мрдање со палците“.
Buick беше еден вид претходник на она што денес го нарекуваме автономно возење, иако овој концепт никогаш не се реализираше во масовно производство. Но, благодарение на Buick, технологијата за самостојно возење стана реалност, иако постојано се подобрува.