📸Сите зборуваат за стајлингот на Северина на Дора: Ова е ексцентрична креација со која пејачката го воодушеви регионот

од Radmila Tasevska
416 прегледи

Северина со месеци е главна тема на регионалните медиуми.

Популарната пејачка се најде во центарот на медиумското внимание како од Србија и Хрватска, така и од целиот регион, пренесе Стандард лајф.

Северина водеше битка за старателство над малолетниот син Александар со поранешниот сопруг Милан Поповиќ. По долг и напорен процес таа успеа да ја добие оваа битка и да си го врати претходно преземеното старателство.

За време на процесот, Северина беше активна на социјалните мрежи, каде што редовно ги споделуваше деталите за нејзината борба и беше посветена да им помогне на сите кои се соочуваат со дискриминација или други социјални проблеми.

Пејачката доби силна поддршка од своите фанови и бројни јавни личности.

Таа сега се појави на Дора и испрати уште една важна порака до сите кои ја следат нејзината работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Северина на познатиот фестивал дојде со голем розов чекан во раката.

Таа за оваа пригода избра необична жолта креација која воодушеви многумина.

Слични содржини