📹 Олимпискиот пламен без оган стана симбол на Игрите во Париз

од Илинка Илиоска
78 прегледи

Олимпискиот оган, кој го носи балонот над парискиот парк, стана една од најбараните атракции на Олимписките игри во 2024 година, при што илјадници луѓе се собираат таму секој ден за да го видат блескавиот прстен широк седум метри како лебди на париското небо.

Светлечкиот балон стана еден од симболите на игрите, откако француските спортски икони Теди Рин и Мари-Жозе Перек го запалија пламенот на свеченото отворање во петокот, пишува RTL Today.

Она што е специфично и досега невидено е дека пламенот е направен од замаглени облаци осветлени од лед зраци, под балон од 30 метри. Станува збор за т.н еколошки оган.

За прв пат во историјата на Олимписките игри пламенот не се запали со употреба на гориво.

„Содржи 40 LED рефлектори за осветлување на облакот создаден од 200 млазници за замаглување под висок притисок“, соопшти француската компанија EDF, додавајќи дека обезбедува струја и проток на вода на 60 метри над земјата.

„Како прецизна комбинација од облаци од магла и светлосни зраци, олимпискиот оган ќе трепери со електрична енергија како единствен извор на енергија“, се додава во соопштението.

Францускиот дизајнер Матје Ленер (49) изјавил дека сака пламенот да биде што е можно попристапен, видлив и отворен, врз основа на балонот за топол воздух што го измислиле браќата Монголфи, француски пионери во авијацијата од 18 век.

Посетителите сега го опсадуваат паркотн од сите достапни места, за да го видат олимпискиот балон што ќе лебди над паркот Тиљерије до затворањето на Олимписките игри на 11 август.

Организаторите ветија дека ќе додадат повеќе места, шегувајќи се дека се „жртви на сопствениот успех“.

Уживањето во најновата париска атракција е бесплатно, а на 300 луѓе им е дозволено да го видат пламенот на секои 15 минути, помеѓу 11:00 и 19:00 часот.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, рече дека се надева дека многу популарниот балон, како и олимписките прстени на Ајфеловата кула и статуите на 10-те Французинки од церемонијата на отворање, ќе најдат постојан дом во Париз.

„Треба да ги испитаме можностите за овие три симболи“, изјави Идалго за француската телевизија.

Таа додаде дека тие три уметнички, симболични и исклучителни предмети го заслужуваат нивното внимание.

Слични содржини