На Фејсбук страницата „Сообраќајни незгоди и несреќи“ се појави видео снимено од предна камера на автомобил, а снимила многу чудна сообраќајна несреќа.
Имено, возачот на жолтиот камион кој удрил во автомобилот во моментот на ударот не го запрел транспортното возило туку продолжил да го турка по улицата во правец на Каштела.
Сообраќајната несреќа се случила на кружниот тек на делницата Сплит и Солин.
Под објавата има повеќе од 500 коментари, од кои некои го бранеа камионџијата, пишувајќи дека оние кои никогаш не биле во кабината не треба да судат, но мнозинството имаа осудувачки тон.
„Ова е обид за убиство, доживотно да му се одземе лиценцата, ова е за затвор, да биде испратен на психијатриско лекување“, продолжуваат коментарите на револтираните следбеници.