Авион погоден од силна турбуленција бил принуден да слета во Бразил, при што 30 луѓе биле повредени. „Боинг 787-9 дримлајнер“ на „Ер Европа“ летал од Мадрид до Монтевидео во Уругвај кога се случил инцидентот, потврдија од авиокомпанијата.
„Авионот беше пренасочен кон аеродромот во Натал во североисточен Бразил додека леташе кон главниот град на Уругвај. Патниците кои претрпеа повреди добија лекарска помош“, објави таа на Икс.
Авионот, во кој имало 325 патници, влетал во турбуленција над Атлантскиот Океан, кога се доближувал до бразилскиот брег, додаде портпаролот на „Ер Европа“.
Локален медицински тим кажа дека згрижил најмалку 30 патници од различни националности, а десетмина од нив биле префрлени во болница. Патниците удирале со главите за време на турбуленцијата, при што се здобиле со скршеници и исеченици.
El vuelo de @AirEuropa ux045 que sufrió turbulencias de aire claro pic.twitter.com/7ud1plk0uZ
— Nelson (@NblancoNelson) July 1, 2024
Инцидентот се случи неколку недели откако авион на „Сингапур ерлајнс“ беше погоден од екстремна турбуленција, при што еден британски патник почина, а десетици беа повредени.